0_Спорт.ПорталОстанато

Гасли: Денес ќе спијам со трофејот во раце, тоа е сигурно

Пилотот на Алфа Таури, Пјер Гасли ги сподели своите емоции по првата победа во Формула 1.

Монца, 6 септември 2020 (МИА) – Пилотот на Алфа Таури, Пјер Гасли ги сподели своите емоции по првата победа во Формула 1.

– Јас не сум некој што ќе се откаже од ништо. Отсекогаш морав да се борам за сè во животот, почнувајќи од картинг. Имам многу силна желба да напредувам. Голема благодарност до сите наши момци. Повеќето се Италијанци, па ова е одличен момент за тимот. Буквално дадов се што можев и нападнав многу силно за да го градам водството. Последните пет круга беа многу тешки. Денес ќе спијам со трофеј во рацете, тоа е сигурно! – призна Гасли.

Французинот денес беше најбрз во Монца во трката за Големата награда на Италија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close