0_Спорт.ПорталОстанато

Гасли: Алфа Таури сака да го стигне Ред Бул и да стане врвен тим

Возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли рече дека тимот има за цел да го предизвика Ред Бул и да стане еден од водечките тимови во Формула 1.

Лондон, 19 септември 2020 (МИА) – Возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли рече дека тимот има за цел да го предизвика Ред Бул и да стане еден од водечките тимови во Формула 1.

  • Очигледно, Алфа Таури има волја и амбиција. Мислам дека ситуацијата е поинаква од она што се случи во Торо Росо. Ова е импресивен проект. Во моментов е Ред Бул кој е врвен тим, но амбициите на Алфа Таури се да ги стигнат. Ова значи дека ни требаат ресурси, изјави Гасли.

Може ли Алфа Таури да стане врвен тим? Ова е нашата цел: ние сакаме да прогласиме сопствен статус и да заземеме своја позиција. Ова е проект повеќе од една година и разбираме дека за да се изгради врвен тим е потребно време, додаде францускиот возач во Ф1. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close