Политички партии

Гаши се сретна со претставници на Стопанската комора на северо-западна Македонија

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши, придружуван од претставникот на Централното претседателство Дритон Сулејмани и шефот на кабинетот Меритон Цивули, денеска остварија средба со претставниците на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ).

Скопје, 17 февруари 2020

Во рамки на средбата претставниците на СКСЗМ ја претставија економската платформа за развој на Република Северна Македонија.

На оваа средба се разговараше и околу создавањето една развојно-економска платформа за граѓаните, при што претседателот Гаши ја изразил подготвеноста на Алтернатива за создавање економска платформа за земјата.

Во наредниот период се очекува Гаши да оствари средби со претставници на стопанските комори од земјата и регионот.

Алтернатива

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close