0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Гарсија: Победивме благодарение на тимскиот дух

Додаде дека имале јасен план како да го одиграат натпреварот и ја освоиле тактичката битка.

Лисабон, 16 август 2020 (МИА) – Тренерот на Лион, Руди Гарсија, ги пофали своите играчи по победата над Манчестер Сити (3:1), која го испрати францускиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите. Стручњакот му даде должна почит на авторот на два од головите Муса Дембеле и го призна тоа што го кажа напаѓачот пред мечот.

– Горд сум на моите играчи. Отсекогаш верувавме во сопствените сили. Бевме свесни дека не сме во улога на фаворит и се соочуваме со еден од најсилните тимови во светот. Нашиот успех главно се должи на тимскиот дух. Секој му помогна на другиот, а резервите се вклучија многу добро. Муса Дембеле беше разочаран што не беше во почетниот состав, но пред натпреварот му реков дека ќе игра важна улога кога ќе се појави на теренот. Како во првите две четвртфиналиња, повторно сè беше решено од играчите кои дојдоа од клупата, истакна менторот на „децата“.

Додаде дека имале јасен план како да го одиграат натпреварот и ја освоиле тактичката битка.

– Сега имаме нови предизвици и ќе се обидеме да се справиме со нив, додаде среќниот Гарсија.

Таг
Back to top button
Close
Close