СветСвет.Портал

Гани победник на претседателските избори во Авганистан

Авганистанската Изборна комисија денеска го прогласи Ашраф Гани за победник на претседателските избори, одржани пред пет месеци.

Кабул, 18 февруари 2020 (МИА) – Авганистанската Изборна комисија денеска го прогласи Ашраф Гани за победник на претседателските избори, одржани пред пет месеци.

Независната изборна комисија соопшти дека Абдулах Абдулах го зазеде второто место.

Противниците на Гани наведуваат дека гласањето одржано на 28 септември било проследено со масовни измами, технички проблеми со користењето биометриски уреди за гласање, напади и неправилности. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close