0_Спорт.ПорталФудбал

Гана ги отпушти селекторите на машката и женската репрезентација

Фудбалската федерација на Гана ги отпушти сите тренери на машката и на женската репрезентација, пренесе „ЕСПН“.

Акра, 4 јануари 2020 (МИА) – Фудбалската федерација на Гана ги отпушти сите тренери на машките и на женските репрезентации, пренесе „ЕСПН“.

Федерацијата им се заблагодари на сите тренери и членовите на националните тимови за нивниот придонес. Новиот претседател на федерацијата, Курт Окраку, донесе ваква одлука по обвинувањата за мито и корупција објавени во документарен филм снимен од еден новинар.

Машката репрезентација на Гана под водство на Квеси Апиах, не успеа да се квалификува за СП 2018 и испадна во второто коло од Африканскиот куп на нации во 2019 година, што беше најраната елиминација на националниот тим од 2006 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close