БалканБалкан.Портал

Галуп интернешнал: За Крајанчева 66 отсто недоверба, за Радев 31 и за Борисов 57 отсто

Кон крајот на мај, 16 проценти од возрасните Бугари изразија доверба во Цвета Карајанчева, претседател на Националното собрание, додека 66 проценти се изјаснија за недоверба.

Софија, 22 јуни 2020 (МИА) – Кон крајот на мај, 16 проценти од возрасните Бугари изразија доверба во Крајанчева, претседател на Националното собрание, додека 66 проценти се изјаснија за недоверба.

Инаку, довербата во спикерот на Националното собрание се мери на секои два месеца.

Во однос на довербата кон претседателот Румен Радев, 50 отсто се изјасниле позитивно, а 31 отсто изразиле недоверба.

Што се однесува до премиерот Бојко Борисов, 30 проценти искажале доверба, а 57 недоверба, Останатите или се колебаат или не се изјасниле.

Ова го покажуваат податоците според истражувањето на „Галуп интернешнал“. Истражувањето е спроведено од 4 до 12 јуни на 809 лица.

Во март имаше одредено зголемување на довербата во сите институции, поради пандемијата од коронавирусот.

На почетокот на јуни, Парламентот имаше 23 отсто доверба и 67 отсто недоверба, а Владата беше со 30 отсто доверба и 60 отсто недоверба. Претседателството доби 52 проценти  доверба и 33 проценти недоверба. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close