0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Гаџа и Векиќ потпишаа за Вардар

Двајцата доаѓаат од ППД Загреб, а се очекува да бидат замени за Скубе и Криштопанс

Скопје, 7 јули 2020 (МИА) – Во новата сезона средниот бек Анте Гаџа и десниот бек Јосип Векиќ ќе бидат дел од тимот на Вардар 1961, соопштија од македонскиот тим.

Гаџа потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“, а Векиќ ќе остане во Скопје до 2024 година.

Двајцата доаѓаат од ППД Загреб, а се очекува да бидат замени за Скубе и Криштопанс.

Таг
Back to top button
Close
Close