0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Фуксе Берлин му посака добредојде на Кристопанс

Европскиот и македонски ракометен шампион Вардар остана без еден од своите најдобри играчи, Даинис Кристопанс.

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Европскиот и македонски ракометен шампион Вардар остана без еден од своите најдобри играчи, Даинис Кристопанс.

Летонецот замина во германскиот клуб Фуксе Берлин.

– Добредојде во Берлин!

Даинис Кристопанс веднаш ќе му се придружи на тимот. Човекот висок 2.15 метри доаѓа од Вардар и ќе биде со нас до крајот на сезоната, објави бундеслигашот на својата Фејсбук страница.

Од Вардар се уште нема потврда за заминувањето на десниот бек. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close