0_Спорт.ПорталФудбал

Фудбалерките до 19 години ќе учествуваат на Меѓународен турнир во Бугарија

Младата женска репрезентација на Македонија ќе земе учество на меѓународниот турнир „Bansko Pirin Womens Cup", koj ќе се одржи во Банско, Бугарија до 15 јуни.

Скопје, 8 јуни 2021 (МИА) – Младата женска репрезентација на Македонија ќе земе учество на меѓународниот турнир „Bansko Pirin Womens Cup”, koj ќе се одржи во Банско, Бугарија до 15 јуни.

Нашата репрезентација на овој турнир силите ќе ги одмери со домаќинот на турнирот, репрезентацијата на Бугарија и Албанија.

Првиот натпревар се игра денес против Албанија, а вториот дуел го играме со Бугарија на 14 јуни.

Селектор на Македонија, Астрит Меркo, за овој турнир ги повика следните фудбалерки:

Голамнки: Берна Кабакчи, Јана Луба Зврлевска;

Одбрана: Ана Ристовска, Анида Идризи, Едина Сулејмани, Викторија Недева, Ана Милчевска, Миа Головска, Теодора Бартон, Александра Јовановска;

Среден ред: Икмете Лимани, Ера Стеблева, Ангела Зафировска, Радица Велкова, Кристина Мојсоска, Бриќена Шаќири, Емира Мета, Вероника Николовска;

Напад: Теа Божиновска, Теодора Николовска, Бојана Петкова, Оливера Чоклевска. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close