0_Спорт.ПорталФудбал

Фудбалерите на Реал ќе добијат бонуси од 720.000 евра доколку ги освојат Лигата на шампионите и Ла Лига

Фудбалерите на Реал Мадрид можат да ги надоместат загубите поради пониските плати врз основа на резултатите од сезоната. За потсетување на почетокот на април, играчите се согласија на намалување на платите од 10 проценти во услови на криза поради пандемијата на коронавирус.

Мадрид, 25 мај 2020 (МИА) – Фудбалерите на Реал Мадрид можат да ги надоместат загубите поради пониските плати врз основа на резултатите од сезоната. За потсетување на почетокот на април, играчите се согласија на намалување на платите од 10 проценти во услови на криза поради пандемијата на коронавирус.

Сепак, клубот нема одлука за откажување на можните бонуси по резултатите од настапите на разни турнири.

Така, секој играч на Реал ќе добие по 300 илјади евра за Лигата на шампионите и 420 илјади за победа во Ла Лига.

Овие бонуси ќе им овозможат на повеќето фудбалери да ја надоместат загубата на плата.

Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно објави дека сезоната во Ла Лига ќе продолжи на 8 јуни. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close