0_Спорт.ПорталФудбал

Фудбалерите на Бразил на пенали преку Мексико до финалето на Олимпијадата

Фудбалската репрезентација на Бразил ќе игра во финалето на Олимписките игри во Токио. „Кариоките“ попладнево во првото полуфинале славеа победа над Мексико со 4:1 по изведување на пенали.

Токио, 3 август 2021 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Бразил ќе игра во финалето на Олимписките игри во Токио. „Кариоките“ попладнево во првото полуфинале славеа победа над Мексико со 4:1 по изведување на пенали.

Резултатот по основните 90 и дополнителните 30 минути беше нерешен 0:0.

Бразилците се бранители на златниот медал од претходната Олимпијада во Рио де Жанеиро 2016 година.

Воедно ова е трето последователно финале за Бразилците кои во 2012 година на Игрите во Лондон загубија токму од Мексико 1.2.

Во второто полуфинале, денес од 13 часот ќе се соочат Јапонија и Шпанија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close