0_Спорт.ПорталФудбал

Фудбалерите на Баерн Минхен го имаа првиот тренинг по двомесечна пауза

Како што јавуваат германските медиумите, се работело во групи по четворица играчи и без физички контакт. 

Минхен, 6 април 2020 (МИА) – Фудбалерите на Баерн Минхен попладнево го одработија првиот тренинг по двомесечна пауза поради пандемијата на коронавирус.
Како што јавуваат германските медиумите, се работело во групи по четворица играчи и без физички контакт.
„Беше наобично што работевме во така мали групи, но беше прекрасно да се видат момците повторно во живо. Благодарност до клубот и сите кои помогнаа повторно да работиме на терен во вака тешки околности“, рече капитенот Мануел Ноер.
Бундеслигата е под суспензија од 13 март додека фудбал во Германија сигурно нема да се игра до крајот на април. сѓд/сд/

Back to top button
Close
Close