0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Фудбал: Продажбата на билетите за мечот со Косово ќе почне в понеделник

Влезниците за мечот меѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и на Косово во полуфиналето во Лигата на нации ќе почне в понеделник. Место на северната и на јужната трибина ќе чини 300, односно 400 денари и ќе може да се резервира преку продажната мрежа на „МК тикетс“.

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Влезниците за мечот меѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и на Косово во полуфиналето во Лигата на нации ќе почне в понеделник. Место на северната и на јужната трибина ќе чини 300, односно 400 денари и ќе може да се резервира преку продажната мрежа на „МК тикетс“.

Едно лице, според препораките на МВР, ќе може да купи еден билет за мечот на 26 март (20:45 ч.) на арената „Тоше Проески“, кој е прогласен за високоризичен. Билетите ќе бидат персонализирани, со име и презиме и број на лична карта.

Западната трибина е резервирана за македонските навивачки групи, кои најавија обединување за македонско-косовската фудбалска пресметка, а за гостинските фанови се планирани седум отсто од капацитетот на стадионот и тие ќе бидат сместени на „исток“. сѓд/аа/

Back to top button
Close
Close