Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Фрост: Британија нема прва да попушти во трговските преговори со ЕУ

Велика Британија нема прва да попушти во трговските преговори со Европската унија, ниту пак бега од Брегзит без договор, предупреди денеска главниот британски преговарач за Брегзит Дејвид Фрост.

Лондон, 6 септември 2020 (МИА) – Велика Британија нема прва да попушти во трговските преговори со Европската унија, ниту пак бега од Брегзит без договор, предупреди денеска главниот британски преговарач за Брегзит Дејвид Фрост.

Велика Британија ја напушти ЕУ во јануари, но досега нема напредок во преговорите за нови трговски односи, иако привремениот договор истекува во декември.

Фрост оцени дека преговарачкиот тим на ЕУ смета дека Велика Британија е попустлива и дека тие мора да имаат „посериозен пристап во иднина“.

Продолжувањето на разговорите е најавено за вторник во Лондон.

– Немаме намера да бидеме клиенти на ЕУ и немаме намера контролата на нашето законодавство да ја препуштиме на никого, рече Фрост. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close