0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Фреди Бобиќ: Јовиќ нема да се врати во Франкфурт

Младиот напаѓач минатото лето премина од Франкфурт во Реал Мадрид во трансфер вреден 60 милиони евра.

Франкфурт, 23 септември 2020 (МИА) – Репрезентативецот на Србија, Лука Јовиќ нема да се врати во Ајнтрахт Франкфурт. Ова го соопшти спортскиот директор на германскиот клуб, Фреди Бобиќ.

– Не, Лука дефинитивно не се враќа, рече Бобиќ.

Младиот напаѓач минатото лето премина од Франкфурт во Реал Мадрид во трансфер вреден 60 милиони евра.

Сепак, тој не се снајде најдобро на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, но сигурно е дека ќе остане во Мадрид.

– Ја оставам вратата отворена за еден голем трансфер. Преодниот рок трае до 5 октомври, сè е можно, додаде Бобиќ.

Таг
Back to top button
Close
Close