0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Фредерик Васер: Ќе беше нечесно да се одржи австралиското Гран-при без учество на Мекларен

Шефот на Формула 1 тимот Алфа Ромео, Фредерик Васер, ја коментираше одлуката да не се одржи австралиското Гран-при, откако беше откриен коронавирусот во тимот на Мекларан.

Лондон, 15 март 2020 (МИА) – Шефот на Формула 1 тимот Алфа Ромео, Фредерик Васер, ја коментираше одлуката да не се одржи австралиското Гран-при, откако беше откриен коронавирусот во тимот на Мекларан.

Британскиот тим се повлече од натпреварот, но имаше можност за трка со намален состав на учесници.

– Беше тешка одлука од гледна точка на трките. Но, пред сè треба да размислиме за нашите вработени, за безбедноста на навивачите, за имиџот на „Ф-1“, за имиџот на спонзорите и за Мекларен. Би било малку нечесно да се тркаме без нив. Мислам дека одлуката за одложување е вистинската, истакна Васер.

Тој додаде дека одлагањето на трката во Мелбурн не беше лесна за неговиот тим.

– Сите работеа напорно за подготвени да го дочекаат Мелбурн. И тркачите, и луѓето од базата дадоа се од себе за максимално подготвени да го дочекаме стартот на новата сезона. Но, бевме принудени да донесеме таква одлука, веројатно е штета што беше доцна, но сè се разви многу брзо, смета Васер.

Главата трка за Големата награда на Австралија требаше да се вози денеска, а одлуката за откажување на Ф1 викендот во Мелбурн беше донесена во петокот, непосредно пред првата тренинг-сесија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close