0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Французин во копачки под Шара: Сахал од Генгам во Шкендија

Актуелниот македонски фудбалски шампион, Шкендија од денеска со Французин во својот ростер. Тетовци го промовираа Абубакер ес Сахал кој под Шара пристигна од тимот на Генгам.

Тетово, 4 февруари 2020 (МИА) – Актуелниот македонски фудбалски шампион, Шкендија од денеска со Французин во својот ростер. Тетовци го промовираа Абубакер ес Сахал кој под Шара пристигна од тимот на Генгам.

Станува збор за напаѓач кој има 19 години, доаѓа од Генгам и во минатото беше дел од националните селекции на „триколорите“ за фудбалери до 17 и 18 години.

-Запознат сум со освоените титули на клубот во првенството и во Купот, знам дека екипата редовно игра во квалификациите за европските фудбалски натпреварувања, неколку пати беше во плејофот за Лига Европа што ме наведе на заклучок дека е најдобар клуб во Македонија. Одлично сум прифатен и се надевам дека ќе дадам придонес во уште поголеми успеси на екипата, рече Ес Сахал. сѓд/сст/

Back to top button
Close
Close