Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Француското Здружение на потрошувачи бара од осигурителните компании да им вратат на граѓаните околу две милијарди евра

Здружението на потрошувачи „УФЦ-Ке шуазир“, бара од осигурителните компании да им ги вратат на своите автомобилски осигуреници уплатите бидејќи се намалени сообраќајните несреќи поради мерките на ограничување  на движење поради новиот коронавирус, јави дописникот на МИА

Париз, 27 април 2020 (МИА) – Здружението на потрошувачи „УФЦ-Ке шуазир“, бара од осигурителните компании да им ги вратат на своите автомобилски осигуреници уплатите бидејќи се намалени сообраќајните несреќи поради мерките на ограничување  на движење поради новиот коронавирус, јави дописникот на МИА.

Здужението наведува дека од почетокот на  рестриктивните мерки на 17 март, бројот на телесните повреди во патниот сообраќај е намален за 91 отсто. Намалувањето на повредите доведе до заштеда од 1,4 до 2,3 милијарди евра. Ако сообраќајот стане нормален во јуни, тоа ќе претставува заштеда од  1,8 милијарди евра.

Наспроти буџетската криза со која се соочени домаќинствата поради ограничувачките мерки, здружението „УФЦ-Ке шуазир“ побара од Министерството за економија и финансии да им наметне на автомобилските осигурителни компании да им ги вратат на осигурениците заштедите, со што ќе биде зајакнат буџетот на домаќинствата.

Здружението бара намалување на уплатите за 50 евра за автомобил и 29 евра за мотоцикл. Ова намалување е легитимно, бидејќи законот за осигурување предвидува дека осигуреникот може да добие намалување на уплатата во случај на намалување на ризиците за времетраењето на договорот.

Здружението, исто така им советува на осигурениците да им се обратат на своите компании со писмено барање за намалување на нивната котизација.

Во меѓувреме, три осигурителни компании веќе најавија дека ќе им вратат дел од уплатите на своите осигуреници, поради намалениот ризик. тг/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close