0_Web_АктуелноKultura.SlajderДописници СветКултураКултура.ПорталОпштество

Француското месечно списание ГЕО пишува за Северна Македонија – непозната земја на Балканот

Во својот мартовски број, француското месечно списание ГЕО објавува опширна репортажа за Северна Македонија, претставена како непозната земја на Балканот, јави дописникот на МИА.

Париз, 3 март 2021 (МИА) – Во својот мартовски број, француското месечно списание ГЕО објавува опширна репортажа за Северна Македонија, претставена како непозната земја на Балканот, јави дописникот на МИА.

Северна Македонија, за списанието ГЕО е „Непозната земја на Балакнот“.

-Со својата релјефна географија, оваа поранешна југословенска република, независна од пред триесет години, мораше да се бори пред да биде призната и да се стекне со име. Сега таа вложува во своето волшебно наследство за да го најде своето место во денешна Европа, стои во увдот на репортажата.

За неговите читатели да имаат мал преглед на убавините на Северна Македонија, месечникот ГЕО, преку видео запис и серија фотографии на својата интернет страница им нуди мало, но детално претставување на земјата.

Истовремено во месечното печатено издание, поместена е на 14 страници статијата на Жил Провост и фотографиите на Гијом Хербо.

Репортажата е повик до франкофонските читатели на овој угледен месечник да патуваат во С Македонија, започнувајќи „од бреговите на Охрид, каде има констелација од цркви и манастири, каде Византија е зад секоја врата, преку откривање на планините, кои ја прават земјата една од највисоките во Европа, барокниот кич и статуите во Скопје кои се во контраст со спокојните и убави пејсажи, посетата на Шарената џамија во Тетово, спомениците од нејзината 2400 годишна историја преполна со настани, мозаик на народи и вери, накратко концентрација на култури, се резимира во претставувањето на Северна Македонија во франкофонското издание на списанието ГЕО.тг/са/

Back to top button
Close
Close