Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Францускиот Алстом ќе го купи делот за транспорт на својот канадски ривал Бомбрдие

Француската група ќе го купи својот канадски ривал, поточно делот за транспорт. Еден вид одмазда по неуспехот на неговото спојување со германскиот „Сименс“, операцијата која ќе ја удвои големината на францускиот производител на железнички материјал, јави дописникот на МИА.

Париз, 18 февруари 2020 (МИА) – Француска група ќе го купи својот канадски ривал, поточно делот за транспорт. Еден вид одмазда по неуспехот на неговото спојување со германскиот „Сименс“, операцијата која ќе ја удвои големината на францускиот производител на железнички материјал, јави дописникот на МИА.

-Одлична можност, единствена можност, токму со овие зборови, Анри Пупарт-Лафарг, извршен директор на Алстом, го нарече купувањето на Бомбардие Транспорт, железничката подружница на канадската група. Со оваа „трансформирачка“ операција, Алстом ќе се дуплира во големината, раѓајќи трансатлантски шампион на железничка опрема, „одржлива мобилност“ и услуги со промет од 15,5 милијарди евра, со дебел налог на нарачки во вредност од 75 милијарди евра, со 76.650 вработени ширум светот.

Овој нов железнички гигант ќе биде подобро опремен за да се соочи со сè пожестоката конкуренција на пазарите, особено кинескиот CRRC (со промет од 28 милијарди), кој не ги крие своите меѓународни амбиции. По спречената фузија со германскиот „Сименс“ во февруари 2019 година со ветото на Европската комисија, Алстом на еден начин се одмаздува.

Гласините за овој брак од висок профил меѓу производителот ТГВ (возови со голема брзина) и неговиот канадски ривал се зголемија  последните денови. Алстом го официјализираше ова во понеделникот вечерта на 17 февруари. После неколкунеделни разговори, двете групи и Кес де Депо од Квебек, главниот акционер на Бомбардие Транспорт со повеќе од 32% од капиталот, се согласија за цената и временскиот распоред.

Трите групи потпишаа меморандум за разбирање според кој Алстом се обврзува да се стекне со 100% од Бомбардие Транспорт за цена помеѓу 5,8 и 6,2 милијарди евра. Стекнувањето ќе се плаќа делумно во готовина и делумно во акции што ги издава Алстом. Кес де Депо од Квебек се обврза да инвестира околу 2 милијарди евра во Алстом и да направи дополнителна инвестиција од 700 милиони.

На затворањето на трансакцијата, закажана за 1 квартал од 2021 година, канадската институција ќе поседува 18% од новиот ентитет, на групата Бујиг, која ја поддржува операцијата, нејзиниот удел ќе се намали на 10% (во споредба со 15% денес) а акционерите на „Алстом“ ќе го држат остатокот на капиталот.

Останува сега да се добие согласност на надлежните органи во неколку делови на светот и особено во Европа „единствениот регион каде би можеле да се појават прашања, но кој треба да најде решенија“, според Лоран Мартинез, финансиски директор на Алстом. Двете групи навистина ќе имаат виртуелен монопол на возниот парк во Франција, особено во метрото и РЕР во Ил де Франс, каде што се навикнати да соработуваат.

Општо земено, сепак, тие се „комплементарни“ на сите фронтови – географски, возен парк, индустриски установи, услуги …

-Главниот камен на сопнување во договорот со„ Сименс “беше нашиот комбиниран удел на пазарот во сигнализацијата. Транспортот на „Бомбардиер“ е прилично скромен играч во Европа во оваа област , прецизира Анри Пупарт-Лафарж.

-Кога го разгледа планот за брак со Алстом, Комисијата ја немаше историја во нашата индустрија дваесет години. Денес, таа е свесна за предизвиците на железничката индустрија. Комисијата е поотворена , додаде извршниот директор на Алстом. Кој вели дека е „многу посигурен“ во способноста на новата група да добие согласност од Брисел.

Алстом го презеде водството и веќе неформално разговараше со екипите на Маргарет Вестагер, комесарката надлежна за конкуренција. Министерот за економија Бруно Ле Мер, кој „беше воодушевен што Алстом, преку аквизицијата на„ Бобмбардие транспорт “, игра водечка улога во неопходното јакнење на европската железничка индустрија“, треба да се сретне со неа во Брисел.

Откако ќе се склучи бракот, Алстом ќе мора да работи на зацврстувањето на Бомбардие Транспорт, чии неколку неодамнешни договори наидоа на потешкотии. Сепак, оваа не подразбира намалување на работните места, уверува Алстом. Но, со примена на синергии во набавка и развој на производи, како и споделување на информациски системи, но, исто така и од очекуваните придобивки од индустриската, комерцијалната и дигиталната ударна сила на новата група во светот со сојузокои ги има канадската подружница во Кина, САД или дури и во Јужна Африка со онаа на Алстом во Индија, Малезија, Сингапур, па дури и во јужна Европа.тг/

Back to top button
Close
Close