Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Француски министер за здравство: Постои опасност од пандемија на новиот коронавирус

Францускиот министер за здравство Оливие Вера предупреди денеска за „веродостоен ризик“ епидемијата на новиот коронавирус да се претвори во пандемија.

Париз, 18 февруари 2020 (МИА) – Францускиот министер за здравство Оливие Вера предупреди денеска за „веродостоен ризик“ епидемијата на новиот коронавирус да се претвори во пандемија.

– Ова е и работна претпоставка и веродостоен ризик, изјави Вера за Радио Франс Инфо, на прашањето дали постои можност епидемијата на коронавирусот да се претвори во пандемија.

Тој додаде дека Франција е подготвена да се справи со сите предизвици и дека нејзиниот здравствен систем е доволно силен и добро опремен. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close