0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдерMakedonija.SlajderДописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Француски медиуми: Макрон попушта за Северна Македонија и Албанија

Француските медиуми, веднаш ја пренесоа веста од Безбедносната конференција во Минхен, дека шефот на француската држава Емануел Макрон е подготвен да го подигне противењето на својата земја за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија но ова под соодветни услови, јавува дописникот на МИА.

Париз, 16 февруари 2020 (МИА) – Француските медиуми, веднаш ја пренесоа веста од Безбедносната конференција во  Минхен, дека шефот на француската држава Емануел Макрон е подготвен да го подигне противењето на својата земја за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија но ова под соодветни услови, јавува дописникот на МИА.

Париски „Фигаро“ насловува „Макрон помек за Албанија и за Северна  Македонија“, „Опинион“ Новите пристапувања во ЕУ: Макрон подготвен да ја промени својата позиција, „БФМ ТВ“ – Макрон попушта за преговорите за членството на Албанија и Северна Македонија, „Ла Трибун“, Проширување на ЕУ – Макрон помек за Албанија и Северна Македонија или „ Бурсорама“ Макрон го отвори патот за приемот на  Северна Македонија и Албанија. Сите тие ја пренесуваат изјавата на претседателот Емануел Макрон дадена на конференцијата за безбедност во Минхен.

– Сите чекаме извештај од Европската комисија во март за двете земји. Мораме да видиме што ќе каже Комисијата за состојбата со очекуваниот напредок и во зависност од ова (…) ако резултатите се позитивни и се воспостави доверба, ние тогаш треба да можеме да отвориме преговори, рече претседателот Макрон на годишната конференција за безбедност во Минхен.

Сепак, како што пренесуваат француските медиуми, Емануел Макрон ја одфрли идејата за чисто француска блокада во оваа афера.

– Ја поздравувам големата храброст што се состои во тоа да се кријат зад Франција кога има несогласување, но можам да ви кажам дека неколку држави беа против започнувањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија“, рече тој.

Предметот за Северна Македонија и Албанија, според француските медиуми  е блокиран веќе неколку недели, што предизвикува иритација кај засегнатите две држави на Балканот, но и иритација на европските партнери на Франција, како Германија, наклонета за проширувањето на Европската унија на Балканот.

Европската комисија, продолжуваат француските медиуми, неодамна поднесе построга и реверзибилна постапка за пристапување во ЕУ со цел да ги исполни условите на Франција во однос на овие две земји, пред самитот за Балканот во мај.

Париз, сега чека извештај за реалноста на реформите што се бараат од овие земји. Ова прашање ќе се најде на дневниот ред на 25 февруари на состанокот на министрите на 27 земји членки на ЕУ во Брисел. Предлогот не ги менува правилата за членство. Но, тоа ќе се заснова на заслугите и ќе подлежи на услови. тг/

Таг
Back to top button
Close
Close