БизнисДописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Француската Влада го одобри кредитот од пет милијарди евра за „Рено“

Францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер денеска ќе го ратификува државниот загарантиран кредит од пет милијарди евра за помош на производителот на автомобили „Рено“, јави дописникот на МИА.

Париз, 2 јуни 2020 (МИА) – Францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер денеска ќе го ратификува државниот загарантиран кредит од пет милијарди евра за помош на производителот на автомобили „Рено“, јави дописникот на МИА.

– Бруно Ле Мер денеска ќе ја потпише гаранцијата за заем од пет милијарди евра за „Рено“, соопшти Министерството за економија на Франција.

Министерот „побара веднаш да се отвори социјален и технички дијалог, за да се развие индустриски проект за иднината (…) кој ќе треба да ги гарантира, на долгорочно, и по 2023 година, работните места и нивото на индустриска активност во фабриката во Мобеж“. тг/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close