0_Македонија.ПорталДописници МКД

Француска поддршка на активностите за соодветно управување со крајбрежјето на Охридското Езеро

Франција ги поддржува активностите што се спроведуваат во насока на почитување на законските прописи, а се однесуваат на соодветно управување со крајбрежјето на Охридското Езеро.

Охрид, 23 јуни 2020 (МИА) – Франција ги поддржува активностите што се спроведуваат во насока на почитување на законските прописи, а се однесуваат на соодветно управување со крајбрежјето на Охридското Езеро.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на својот фејсбук-профил поосчува дека на денеска остварената средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние биле поздравени заложбите и на локалната и на централната власт во рамки на целокупниот процес и сите активности во делот на почитување на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Георгиески ја искористи можност преку социјалните мрежи да изрази јавна благодарност до Амбасадата на Франција во земјата за искажаниот интерес во врска со актуелните состојби во Охрид и зачувување на нашите природни и културни богатства кои се заштитени од УНЕСКО. аб/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close