Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Француска џихадистка екстрадиранa од Турција во Франција

Француската џихадистка Паскале Рејмоненк (59) беше уапсена пред летото во областа што ја држеа турските сили во северна Сирија, по екстрадицијата од Турција, таа е обвинета и затворена во Франција, по повеќе од шест години поминати во ирачко-сириската зона, јави дописникот на МИА.

Париз, 20 август 2020 (МИА) – Француската џихадистка Паскале Рејмоненк (59) беше уапсена пред летото во областа што ја држеа турските сили во северна Сирија, по екстрадицијата од Турција, таа е обвинета и затворена во Франција, по повеќе од шест години поминати во ирачко-сириската зона, јави дописникот на МИА.

Паскале Рејмоненк, за која беше распишана потерница од француската анти-терористичка правда, ја напушти Франција во 2013 година за да му се приклучи на еден маж во џихадистичките борбени зони, изјави судскиот извор, кој ја потврди информацијата на неделникот „Л’Експрес“.

Откако во понеделникот пристигна во Франција, таа веднаш беше претставена пред истражен-судија, кој ја обвини за „злосторничко терористичко здружение“, пред да биде ставена во притвор, изјави овој извор. Протерувањето – екстрадиција на Паскал Рејмоненк се случи во рамките на „протоколот Казенев“, именуван по поранешниот социјалистички министер за внатрешни работи (2014-2016).

Потпишан во 2014 година, овој договор за полициска соработка помеѓу Париз и Анкара им дозволува на џихадистите кои се враќаат од Сирија преку Турција да бидат протерани во Франција и веднаш да бидат уапсени при нивното враќање. Во јули, 281 луѓе беа вратени под овој протокол, изјави извор запознаен со ова прашање.

Неколку жени и нивните деца во моментов се во рацете на турските власти и наскоро би можеле да бидат депортирани според овој протокол, рече друг извор. Меѓу нив е Емили Кхиари, жена од околу 28 која беше уапсена од турските сили во исто време со Паскал Рејмоненк. И биле одредено време во рацете на Слободната сириска армија.

Емили Кхиари, потекнува од џихадистичката мрежа на Албертвил (Савоа), таа беше осудена на 25 јуни во нејзино отсуство на 20 години кривично затворање од страна на специјалниот кривичен суд. Во случај на враќање во Франција, таа може да побара повторно да и се суди.тг/

Back to top button
Close
Close