Дописници СветЕвропа

Франција: Винарите помоќни од безбедност на патиштата

Департманскиот совет на Лоара-Атлантик ги отстрани паноата поставени на патиштата за подигање на свеста за опасностите од пиење на алкохол и возење, на барање на лозарите, јави дописникот на МИА.

Париз, 20 септември 2020 (МИА) – Департманскиот совет на Лоара-Атлантик ги отстрани паноата поставени на патиштата за подигање на свеста за опасностите од пиење на алкохол и возење, на барање на лозарите, јави дописникот на МИА.

Овие знаци-паноа, инсталирани од средината на јули, на кои беше претставена чаша вино на сива позадина над автомобил што излегува од коловозот. „Целта беше прашање да се претстави чашата отповеќе“, објаснуваат од департманот. Но, „лозарите се манифестираа и побараа да се отстранат паноата“, тие сметаат дека тие ја стигматизирале потрошувачката на вино, според истиот извор, потврдувајќи ги информациите од регионалниот весник „Л’Ебдо де Севр и Мен“.

Поради тоа, петнаесетте паноа ќе бидат изменети (сите не беа инсталирани) и „на крајот на септември е организиран состанок со претставниците на лозарите“, посочи департманскиот совет.

-Ние сме многу будни за начинот на кој се перципираат работите. За нас е многу важно да имаме јасни пораки, прецизираа од институцијата.

Клод Шабот, портпарол на Лигата против насилството на патиштата во Лоара-Атлантик, жали за „сериозната грешка“.

-Лозарите се навредени од едно пано за превенција што не напаѓа никого, освен злоупотребата на алкохол. Департмаснкиот совет имаше многу добра идеја. Тие се избрани политичари кои ја водата политиката за безбедност на патиштата на сосема коректен начин, зачудувачки е што тие реагираа така, додаде тој.

Кампањата за превенција на департманот, чини вкупно 59.000 евра, таа вклучуваше и радио спотови и 30 знаци насочени кон големата брзина и испраќањето СМС пораки за време на возењето.

Шеесет и пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Лоара-Атлантик помеѓу септември 2019 година и август 2020 година, наспроти 58 во текот на претходните дванаесет месеци, според статистиката на префектурата. тг/

Таг
Back to top button
Close
Close