Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Франција: Спасени 12 мигранти во каналoт Ламанш

Дванаесет мигранти, меѓу кои и едно дете, биле спасени денеска на северното француско крајбрежје, додека се обидувале да го преминат каналот Ламанш за да стигнат до Велика Британија, соопштија француските власти, јави дописникот на МИА.

Париз, 20 јануари 2020 (МИА) – Дванаесет мигранти, меѓу кои и едно дете, биле спасени денеска на северното француско крајбрежје, додека се обидувале да го преминат каналот Ламанш за да стигнат до Велика Британија, соопштија француските власти, јави дописникот на МИА.

Ова е прва спасувачка операција на мигранти во Франција од почетокот на 2020 година. Спасувачките служби биле „предупредени директно“ од мигрантите „кои забележале проблем со чамецот“, соопшти префектурата на Ламанш и Северното Море.

Групата во која имало и две жени и едно дете била успешно спасена и немало ниту еден повреден.

Од крајот на 2018 година, обидите за преминување на каналот се зголемија и покрај опасноста од големиот сообраќај, силните струи и ниската температура на водата. Во 2019 година биле пресретнати 2.758 мигранти кои се обидоа да го преминат каналот, четири пати повеќе отколку во 2018 година, според поморската префектура. тг/

Back to top button
Close
Close