БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Франција привремено го зајакнува военото присуство во Источниот Медитеран

Решив, привремено, во следните денови да го зајакнам француското воено присуство во Источниот Медитеран, во соработка со европските партнери, меѓу кои и Грција, напиша претседателот на Франција Емануел Макрон на социјалните мрежи, откао претходно телефонски разговараше со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 13 август 2020 (МИА) – Решив, привремено, во следните денови да го зајакнам француското воено присуство во Источниот Медитеран, во соработка со европските партнери, меѓу кои и Грција, напиша претседателот на Франција Емануел Макрон на социјалните мрежи, откао претходно телефонски разговараше со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ситуацијата во Источниот Медитеран е загрижувачка. Едностраните одлуки на Турција за нафтени истражувања предизвикуваат тензии. Тие мора да прекинат за да се дозволи мирен дијалог меѓу соседните земји и сојузници во НАТО. Решив, привремено, во следните денови да го зајакнам француското воено присуство во Источниот Медитеран, во соработка со европските партнери, меѓу кои и Грција, напиша Макон на „Твитер“, како на француски, така и на грчки јазик.

На твитот на претседателот на Франција, му одговори Мицотакис, му се заблагодари и на француски јазик напиша дека „Емануел Макрон е вистински пријател на Грција, но и силен бранител на европските вредности и меѓународното право“.

За ситуацијата во Источниот Медитеран и за турските активности и начините за справување, синоќа, телефонски разговарале Макрон и Мицотакис.

Грчкиот премиер на истата тема разговараше и со претседателот на Египет Абдел Фатах Ел Сиси и се договориле колку е можно побргу, двете земји да го ратификуваат договорот за одредување на Ексклузивната економска зона. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close