ЕвропаЕвропа.Портал

Франција порано од предвиденото ќе затвори уште два реактора

Франција би можела да затвори два свои нуклеарни реактора во 2025 и 2026 години, порано од очекуваното, доколку дозволат пазарните услови, покажуваат владини документи.

Париз, 21 јануари 2020 (МИА) – Франција би можела да затвори два свои нуклеарни реактора во 2025 и 2026 години, порано од очекуваното, доколку дозволат пазарните услови, покажуваат владини документи.

Нуклеарно зависната Франција има намера да го намали влијанието на атомската енергија во своето производство на електрична енергија од сегашните 75 отсто на 50 проценти до 2035 година. Двата најстари француски реактора во нуклеарката Фешенхеим ќе престанат да работат овој месец и во јуни.

Следните затворања досега биле најавувани за во 2027 и 2028 година, но тоа ќе се случи порано.

– Ако се исполнат условите поврзани со цените на струјата и развојот на европскиот пазар на електрична енергија, затворањето на двата дополнителни реактора ќе се спроведе во 2025 и 2026 година, се наведува во владиниот документ за енергетска политика.

Одлуката за порано да се затворат реакторите ќе биде донесена во 2023 година. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close