Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Франција/Ковид-19: За 24 часа 449 смртни случаи

Франција од почетокот на пандемијата на 1 март, регистрира 35323 смртни случаи, притоа официјално се регистрирани вкупно 52128 заразени во Ковид-19, јави дописникот на МИА.

Париз, 31 март 2020 (МИА) – Франција од почетокот на пандемијата на 1 март, регистрира 35323 смртни случаи, притоа официјално се регистрирани вкупно 52128 заразени во Ковид-19, јави дописникот на МИА.

Во последните 24 часа се регистрирани нови 449 смртни случаи. На 5565 лица се наоѓаат во тешка состојба и нив им е потребна интензивна нега, односно зголемување за 458 случаи. Вкупно на болничко лекување се наоѓаат 22757 лица. 34 отсто од заболените се помлади од 60 години. Генералниот директор за здравство притоа нагласува дека 9944 лица се сметаат за излечени.

Само вчера во ургентните служби на болниците биле примени 4390 лица со сомневање за Ковид-19, што претставува 21,5 отсто од активностите на болниците. Притоа 38 отсто од нив биле хоспитализирани, а 5 отсто директно примени на интензивна нега. СОС Лекари од своја страна имале 1718 интервенции поради Ковид-19, надвор од болниците, што претставува 25 отсто од нивната активност. тг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close