Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Франција го премина прагот од 25.000 смртни случаи од последици од новиот коронавирус

Со 306 нови смртни случаи во изминатите 24 часа, во Франција вкупниот број на починати од последици од епидемијата со новиот коронавирус  се искачи на 25.201, јави дописникот на МИА

Париз 4 мај 2020 (МИА) – Со 306 нови смртни случаи во изминатите 24 часа, во Франција вкупниот број на починати од последици од епидемијата со новиот коронавирус  се искачи на 25.201, јави дописникот на МИА.

На болничко лекување се  25.548 лица,од кои 3.696 пациенти се на интензивна нега.

И покрај постојаното намалување на пациентите на интензивна нега, пополнетоста на реанимација е  127 отсто. тг/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close