ЕвропаЕвропа.Портал

Франција ќе ја зајакне контролата врз странските инвестиции

Франција ќе ја зајакне контролата врз странските инвестиции, со цел да ги заштити своите компании кои се наоѓаат во тешка ситуација поради кризата предизвикана од епидемијата на Ковид-19, изјави денеска францускиот министер за економија Бруно Ле Мер.

Париз, 29 април 2020 (МИА) – Франција ќе ја зајакне контролата врз странските инвестиции, со цел да ги заштити своите компании кои се наоѓаат во тешка ситуација поради кризата предизвикана од епидемијата на Ковид-19, изјави денеска францускиот министер за економија Бруно Ле Мер.

– Прагот, од кој ќе се активира системот за контрола на неевропските инвестиции како удел во голема француска компанија, ќе биде намален од 25 на 10 отсто до крајот на годината. Како целина, контролата ќе биде проширена во секторот за биотехнологија, потврди Ле Мер.

Тој нагласи дека Владата сигурно нема да го претстави планот за заживување на француската економија пред септември или октомври, додавајќи дека ќе дејствува етапно во оваа насока.

– Работам и со европските колеги на овие мерки, за да има синхронизација, истакна Ле Мер. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close