Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Франција дефинитивно ја угаси нуклеарната централа Фесенхајм

Нуклеарната централа Фесенхајм на истокот од Франција на самата граница со Германија од ноќеска повеќе не функционира, откако во 23 часот беше исклучен вториот реактор, јави дописникот на МИА.

Париз, 30 јуни 2020 (МИА) – Нуклеарната централа Фесенхајм на истокот од Франција на самата граница со Германија од ноќеска повеќе не функционира, откако во 23 часот беше исклучен вториот реактор, јави дописникот на МИА.

Фесенхајм е најстарата француска нуклеарна централа и таа работеше во текот на изминатите 43 години на брегот на Рајна.

Демонтирањето на нуклеарната централа, прво од ваков вид во Франција ќе трае повеќе децении , се до 2040 година. Најпрво во 2023 година треба да заврши вадењето на горивото кое е високо радиоактивно, а самото демонтирање започнува во 2025 година. Во Франција има уште 56 реактори од ваков вид кои се  активност. тг/

Таг
Back to top button
Close
Close