ЕвропаЕвропа.Портал

Франција бара прекин на непријателствата во Идлиб

Франција денеска го повтори барањето за прекин на непријателствата во сириската провинција Идлиб, додавајќи дека нападите на сириските власти и нивните сојузници се кршење на меѓународното и хуманитарно право.

Париз, 6 февруари 2020 (МИА) – Франција денеска го повтори барањето за прекин на непријателствата во сириската провинција Идлиб, додавајќи дека нападите на сириските власти и нивните сојузници се кршење на меѓународното и хуманитарно право.

Сириските владини сили денеска се борат против бунтовниците во обид да го заземат градот Саракеб во северозападната провинција Идлиб за да го вратат последното упориште на бунтовниците, изјавија сведоци и воени набљудувачи.

Идлиб е единствената сириска област во која сè уште се водат борби.

Во 2017 година, во оваа провинција беше отворена зона во која останаа бунтовничките сили и делови од терористички групи кои одбија да се предадат. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close