0_Магазин.ПорталДом

Фотостудио претворено во куќа од 1,35 милиони фунти

Кујната, трпезаријата и дневната соба се во една голема просторија, а во куќата и денес има студио за сликање. На вториот кат има бања, гардеробер и две спални соби со поглед на студиото во просториите долу.

Лондон, 14 август 2020 (МИА)Иако однадвор не изгледа како нешто посебно, оваа зграда во која некогаш се изведувале редовни професионални фотосесии, сега е удобен, широк простор за живеење.

Станот е сместен во населбата Батерси, во јужниот дел на Лондон, Англија. Сегашниот сопственик и натаму го нуди своето гостопримство на разни уметници и креатори, но сега ова здание е и прекрасно место за живеење.

 

Кујната, трпезаријата и дневната соба се во една голема просторија, а на истиот прв кат од куќата и денес има студио за сликање. На вториот кат има бања, гардеробер и две спални соби со поглед на студиото во просториите долу.

Цената на куќата е проценета на 1,35 милиони фунти. си/ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close