0_Спорт.ПорталОстанатоРезултати

Фос-Солеваг нов светски шампион во слалом

Норевежанецот Себастијан Фос-Солеваг го освои златниот медал во дисциплината слалом на Светското првенство во алпско скијање во Кортина д’Ампецо.

Кортина д’Ампецо, 21 февруари 2021 (МИА) – Норевежанецот Себастијан Фос-Солеваг го освои златниот медал во дисциплината слалом на Светското првенство во алпско скијање во Кортина д’Ампецо.

Тој двете денешни трки ги заврши со вкупно време 1:46.48 минута.

Второто место и сребрениот медал се за Адријан Пертл од Австрија кој заостана 21 стотинка зад победникот.

Бронзата отиде кај Хенрик Кристоферсен од Норвешка кој имаше 46 стоти делови од секундата послабо време од новиот шампион.

Машкиот слалом беше последната дисциплина на Мундијалот во Италија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close