Дописници МКДОпштински вести

Форумот на жени на СДСМ-Дебар со цвеќе им го честиташе 8 Март на медицинските сестри во ковид центарот

По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, претставнички на Форумот на жени, Локалниот клуб на Социјалдемократска младина и претседателството на ОО СДСМ-Дебар, го посетија ковид центарот во Општата болница со проширена дејност во Дебар.

Дебар, 8 март 2021 (МИА) – По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, претставнички на Форумот на жени, Локалниот клуб на Социјалдемократска младина и претседателството на ОО СДСМ-Дебар, го посетија ковид центарот во Општата болница со проширена дејност во Дебар.

На припадничките на понежниот пол им го честитаа празникот и им се заблагодарија за нивната ангажираност и посветеност во борбата против Ковид -19.

-Заедно со нивните колеги тие се нашите херои, посебно во ова време на пандемија. На првата борбена линија со невидливиот непријател се цела година. Ова е најмалку што можеме да сториме во знак на почит за се што направиле и се уште прават за ковид пацентите. Им го честитавме денот, им поскавме сила и здравје за да може да се грижат за здравјето на нашите граѓани, изјави Илинка Трајановска, претседателка на Форумот на жени.

Секако, додаде, посакавме што побрзо да извојуваме победа врз ова зло на глобално ниво.

-Го подржуваме апелот на надлежните за почитување на мерките за заштита и пропишаните протоколи, за да се заштитиме себе си и нашите најблиски. Тоа е нешто најмалку што се бара од сите нас а значи многу во борбата против опасниот вирус, порача Трајановска.

Денот на жената го честиташе и на сите припаднички на понежниот пол во дебарскиот регион и поширокото.

Честитки по повод 8 Март упатија и градоначалниците на општина Дебар, Хекуран Дука, на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски и на Центар Жупа, Аријан Ибраим. вт/рп/

Back to top button
Close
Close