Општество

Форум: Успешни практики во креативните индустрии од млади претприемачи во нашата земја

На вториот ден од Меѓународниот форум за културно креативно претприемништво се одржаа работилници, презентации на успешни практики, претставување на таленти и креативни идеи помеѓу учесниците.

Скопје, 1 декември 2020 (МИА) – На вториот ден од Меѓународниот форум за културно креативно претприемништво се одржаа работилници, презентации на успешни практики, претставување на таленти и креативни идеи помеѓу учесниците.

Во првиот дел од програмата работилница одржа Артур ле Гал од Меѓународниот центар за креативни индустрии КЕА European Affairs од Белгија, кој говореше на тема „Ослободување на потенцијалите од креативните индустрии и креативното претприемништво“ , можност за развој на бизнис-идеја и можности за финансирање/културно креативното претприемништво како можност за меѓународна соработка.

Вториот дел од форумот вклучуваше презентација на успешни практики во креативните индустрии од млади претприемачи во нашата земја и странство.

Говорници беа Ника Гавровска од издавачката куѓа „Гаврош“ и кафе-книжарница и Наум Михајловски, коосновач и извршен директор на Furiuous Avocado и креатор на играта Tie Dye.

Ника Гавроска ја опишува „Гаврош“ како мала и независна куќа, но и како млада издавачка куќа.

– Во текот на своето постоење, односно четири години, од почетокот на 2017 година до крајот на оваа година ние имаме издадено само четири изданија. Секое од тие изданија практично припаѓа на своја едиција, а секоја едиција го трасира патот на изданијата што следат.  На сите тие четири едиции  сврзно ткиво им е светот на илустрацијата и колку е тоа личен афирмитет, толку стана и некоја уредничка политика на „Гаврош“ од причина што ја препознавме потребата од градење на визуелната култура и визуелна писменост, термин што е заборавен кај нас, особено кај најмладата публика, вели Гаворска.

Таа ја опиша „Гаврош“ како издавачка куќа што почнува со мали чекори од причина што секогаш треба да се даде предност на квалитетот на сметка на кванититетот.

„Гаврош“ има независна култура во однос на тоа што сака да го постигне  и се растеретени од товарот и времето на таа „мејнстрим“ култура.

– Го игнорираме тоа што сака публиката и што се продава, можеби звучи апсурдно, затоа што дефинитивно ако треба да го дефинирам нашиот бизнис модел, тоа е романтичарски, додава Ника.

Главниот предизвик за оваа млада издавачка куќа беше проектот „Гаврош“ кафе-книжарница, која што беше посветена исклучиво на детска илустрирана литература. Исто така, главната цел на кафе-книжарницата е да ги оттргне луѓето од екраните и повторно да ги врати писателите и илустраторите во живо.

Во моментов кафе книжарницата е ставена на пауза, бидејќи во март не ја издржа кризата предизвикана од коронавирусот.

Гаворска истакна дека очекува повторно да се отвори кафе-книжарницата и да ги реализираат сите предвидени проекти.

Наум Михајловски истакна дека Furious Avocado постои многу одамна, но тој и неговиот тим немале услови за започнување на вакво нешто во нашата земја, со до јануари 2020 година кога официјално започнале со работа.

Михајловски вели дека со неговиот тим се одлучиле да креираат игра која што ќе биде „хајпер-кежуал“, односно категорија на игри што ги тангира и луѓето кои не играат игри, односно се наједноставни по форма и презентација, но мора да бидат и максимално разбирливи.

– Tie Dye е „хајпер-кежуал“ игра која се базира на еден тренд, боење на облека, тренд што постои од седумдесетите години, но оваа година се враќа повторно. Кога започнавме да се занимаваме со оваа идеја, истата имаше голем успех на платхормата на „Тик-Ток“, што беше добар показател за интерес на една тема, истакна Михајловски.

Досега, играта има постигнато голем успех, има повеќе од 60 милиони преземања ширум светот, во рок од четири месеци.

Меѓународниот форум за културно креативно претприемништво по презентациите продолжи со предвидената програмата, односно брзи состаноци – претставување на таленти, предизвици и креативни идеи помеѓу учесниците и мапирање на креативни еко-системи.

Форумот се одржуваше од 30 ноември до 1 декември, беше организиран од Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ, со цел да се промовира  креативното претприемништво, да се едуцираат учесниците за креативното претприемништво преку интерактивни работилници и да се вмрежуваат учесниците со можност за идни партнерства. ки/сп/

Back to top button
Close
Close