Граѓански сектор

Форум на социјални претпријатија

Во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска ќе се одржи Форум на социјални претпријатија во рамки на проектот финансиран од ЕУ „Отвораме можности“.

Скопје, 12 декември 2019 (МИА) – Во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска ќе се одржи Форум на социјални претпријатија во рамки на проектот финансиран од ЕУ „Отвораме можности“.

На форумот ќе се дискутира за тоа како локалните самоуправи можат да го поттикнат социјалното претприемништво и да дадат поддршка во развојот на постоечките и идни социјалните претпријатија.

На овој форум ќе присуствуваат 10 социјални претпријатија, кои, како што информираат организаторите, ќе имаат можност да ги промовираат своите бизниси, но и да ги искажат предизвиците со што се соочуваат при работењето. Ќе се дискутира за тоа како локалните самоуправи можат да го поттикнат социјалното претприемништво и да дадат поддршка во развојот на постоечките и идни социјалните претпријатија.

– Очекуваме преку настанот да се иницира меѓусебна соработка, информирање на пошироката јавност за социјалното претприемништво, застапување кон локалната самоуправа за создавање социјални сервиси за граѓаните, кои ќе бидат дадени од страна на социјални претпријатија, како и поврзување на социјалните претпријатија со бизнис-заедницата, посочуваат организаторите.фф/дма/

Back to top button
Close
Close