0_Спорт.ПорталОстанато

Формула 1 го претстави логото за сезоната 2020

Формула 1 го објави логото за 2020 година, посветено на 70-годишнината од првиот шампионат.

Лондон, 1 јануари 2020 (МИА) – Формула 1 го објави логото за 2020 година, посветено на 70-годишнината од првиот шампионат.

Различни опции за лого ќе се користат во текот на целата сезона.

Првото првенството во Формула 1 се одржува од 1950 година. Оттогаш 33 пилоти станаа светски шампиони, 108 – победници на Гран при. Вкупно, на трките во Формула 1 учествуваа 764 тркачи и 150 екипи.

Новото лого ќе се користи од 6 јануари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close