0_Спорт.ПорталОстанато

Формула 1, ФИА и локалните власти во Мелбурн разговараат за следните чекори по откривањето на коронавирусот во Мекларен

Раководството на Формула 1 објави дека разговара за следните чекори, откако беше потврден случај на коронавирус во тимот на Мекларен. Британскиот тим се повлече од Гран-при на Австралија.

Мелбурн, 12 март 2020 (МИА) – Раководството на Формула 1 објави дека разговара за следните чекори, откако беше потврден случај на коронавирус во тимот на Мекларен. Британскиот тим се повлече од Гран-при на Австралија.

  • Формула 1 и ФИА ги координираат следните чекори со властите. Нашиот приоритет е безбедноста на навивачите, тимот и целиот персонал на патеката, напишаа од Ф1 на официјалниот Твитер.

Траката за Големата награда на Австралија е закажана претстојниот викенд. Првата тренинг сесија треба да започне утре, а главната трка е предвидена за в недела. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close