0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталДописници СветЕкономија

Формирано Здружение на грчки бизниси во Северна Македонија

Заштита и промоција на економските и професионалните интереси на членовите, како и развој на односите меѓу бизнис заедниците меѓу двете земји се целите на Здружение на грчки бизниси во Северна Македонија формирано во четвртокот во Скопје, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 27 јуни 2020 (МИА) – Заштита и промоција на економските и професионалните интереси на членовите, како и развој на односите меѓу бизнис заедниците меѓу двете земји се целите на Здружение на грчки бизниси во Северна Македонија формирано во четвртокот во Скопје, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Основачите на Здружението се 16 големи грчки компании во нашата земја, а за претседател е избран Арис Влахос, додека пак во управниот одбор учествуваат претставници на Стопанска банка, на ЕДС, Усје и Интракат.

– Се стремиме да станеме мост на комуникација помеѓу бизнисите од двете земји и да ги браниме интересите на грчките компании во Северна Македонија, рекол Влахос според АНА-МПА и додал дека еден од приоритетите на Здружението е соработка со надлежните тела од двете земји. ср/са/

Back to top button
Close
Close