Дописници МКДОпштински вести

Формирано „Пелалинк“ – Пелагониско меѓуопштинско претпријатие за јавен превоз

Општините Битола, Новаци и Могила формираа заедничко меѓуопштинско претпријатие за јавен превоз на патници „Пелалинк“.

Битола, 8 април 2021 (МИА) – Општините Битола, Новаци и Могила формираа заедничко меѓуопштинско претпријатие за јавен превоз на патници „Пелалинк“.

Средствата за работење на претпријатието се обезбедени од пелагониските општини со што се овозможува трајно, уредно и квалитетно задоволување на потребите на корисниците на услугите.

Во фазата до целосно конституирање на претпријатието, изработка на Статут, избор на директор, управен и надзорен одбор, со одлука на Советот на Општина Битола за лице кое ќе ги врши работите на претпријатието избран е Игор Талевски, помошник раководител во секторот за правно-нормативни, административни и општи работи во Општина Битола.

За работа на претпријатието за јавен превоз на патници – „Пелалинк“, Општина Битола со средства од локалниот буџет набави 4 еколошки минибуси на метан со вкупен капацитет од 70 седишта, а Општина Новаци набави 2 транспортни возила, минибус и комбе со вкупен капацитет од 39 седишта за што беа обезбедени средства од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој и Центарот за развој на пелагонискиот регион. мт/ки/

 

Таг
Back to top button
Close
Close