Дописници МКДОпштински вести

Формирано Партиципативното тело за урбанистичко планирање во Делчево

Формирано е Партиципативното тело за урбанистичко планирање во Делчево. Целта на формирањето на ова тело, како што истакна Горан Петровски, советник за енергетска ефикасност при Општина Делчево, е  обезбедување поголема вклученост, учество и придонесување на граѓаните во процесот на урбанистичкото планирање. 

Делчево, 1 март 2021 (МИА) – Формирано е Партиципативното тело за урбанистичко планирање во Делчево. Целта на формирањето на ова тело, како што истакна Горан Петровски, советник за енергетска ефикасност при Општина Делчево, е  обезбедување поголема вклученост, учество и придонесување на граѓаните во процесот на урбанистичкото планирање.
-На формирањето на ова тело му претходеше измена на статутот, што сметам дека ќе придонесе за обезбедување инклузивност, партиципативост и јавност. Партиципативното тело ќе биде составено од сите членови на Комисијата за урбанизам, надворешни лица, како и стручни лица вработени во Општина Делчево што го изработуваат урбанистичкиот план кој е предмет на расправа, информираше Петровски.
Мандатот на членовите на партиципативното тело, како што додаде, ќе биде со времетраење од четири години.
-Она што е значајно за функционирањето на ова тело е тоа што во иднина неговите членови имаат право да присуствуваат и да учествуваат во расправа на сите седници на Советот, на кои ќе се расправа за утврдување нацрт урбанистички планови, донесување урбанистички планови, како и донесување годишни програми за урбанистичко планирање на територијата на Општина Делчево, додаде Петровски.
Одлуката за формирање на партиципативното тело беше поддржана и од страна на делчевскиот Совет. вс/мд/

Back to top button
Close
Close