Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Формирана парламентарна мисија во Франција за управувањето со епидемијата на Kовид-19

Премиерот и министерот за здравство во полн ек на кризата ќе треба да се објаснат за избраната стратегија за справување со кризата, која е оспорувана од јавното мислење и дел од опозицијата.

Париз, 1 април 2020 (МИА) – Француското национално собрание формираше Парламентарна мисија за управувањето со епидемијата со коронавирусот. Премиерот, Едуард Филип и министерот за здравство Оливие Веран, ќе бидат првите  сослушани од парламентарците, јави дописникот на МИА.

Премиерот и министерот за здравство во полн ек на кризата ќе треба да се објаснат за избраната стратегија за справување со кризата, која е оспорувана од јавното мислење и дел од опозицијата.

Инаку, мисијата е создадена на 17 март во Националното собрание, за откривање факти за управување со епидемијата на коронавирус. Со неа претседава претседателот на Националното собрание, Ришар Феран, еден од столбовите на мнозинската партија, Републиката во движење(ЛЕРМ). Таа има за цел да ги следи седмично мерките преземени од владата за спречување на пандемијата и управување со последиците од здравствената криза.

-Оваа отворена мисија, во која ќе бидат претставени сите политички групи и постојани комисии, ќе му овозможи на националното претставништво да обезбеди блиско и навремено следење на епидемијата и нејзините последици. Таа може да дава препораки што смета дека се корисни за да извлечеме поуки од оваа ситуација, се вели во соопштението на Националното собрание.

-Ние ќе извлечеме лекции и ќе даваме предлози така што во иднина нашата земја да биде подобро опремена да се соочи со здравствена криза од оваа големина. Цврсти повратни информации за да се гарантира посилна здравствена сигурност пред светската пандемија , изјави Ришар Феран за „Ле Фигаро.

Првата задача, се состои од следење на мерките што ги презема владата секоја недела. Во „Журнал ди диманш“, Дамиен Абад, кој затоа ќе биде дел од мисијата како претседател на групата ЛР (Републиканци), го дава своето видување:

-Целта не е да се дистрибуираат добри или лоши поени на владата, туку да да ги идентификуваат можните неуспеси и пропусти за да се поправат и да се научи од нив. Три предмети ја кристализираат загриженоста на Французите: недостигот на маски, доктрината на тестовите и капацитетите во однос на креветите на нашите болници за реанимација.

Потоа, но само последователно, мисијата може да се стекне со прерогативите на анкетна комисија. Но, тоа ќе се случи априори само откако ќе се помине кризата. Некои групи тврдат дека тоа не треба да биде пред летото, па дури и наесен, затоа што „целта е да ги научиме лекциите од кризата“. Поканите на рочиштата ќе бидат задолжителни и овластувањата за истраги ќе бидат широки, објаснува „Либерасион“. Целта на овие истражувања е да се изработи преглед, доколку е можно комплетен, за справувањето со кризата и грешките направени претходно, за време на кризата и потоа.  

Според Жил Ле Жендре, претседател на пратеничката група ЛРЕМ, оваа проценка ќе биде „сеопфатна, од сите аспекти“, од „пилотирање на кризата“ до „делокализацијата“, поврзана „со недостигот“на заштитни маски, преку „здравствените политики за спречување на епидемии“.

Во Мисијата се наоѓаат Претседателите на сите политички групи, потоа осумте претседатели на Комисиите (6 ЛЕРМ, 1 Модем и 1 ЛР), исто така, ќе бидат ко-известувачи за оваа прва фаза“, според „Либерасион, Ришар Феран ќе биде и генерален известувач на првата фаза од мисијата.

Сенатот- Горниот дом на францускиот парламент, каде е мнозинска опозицијата,  исто така ја разгледува можноста за создавање на своја мисија или анкетна комисија.тг/

Back to top button
Close
Close