0_Македонија.ПорталОпштество

„Форца“ во борба со Ковид-19 преку различни иницијативи за помош на општеството

Донација за Министерството за здравство и отпишување на казните за кредити се дел од начините на компанијата „Форца“ за поддршка во борбата против пандемијата.

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Донација за Министерството за здравство и отпишување на казните за кредити се дел од начините на компанијата „Форца“ за поддршка во борбата против пандемијата.

– Во услови на пандемија со коронавирус, кога човештвото се соочува со еден од најголемите предизвици досега, хуманоста и солидарноста на компаниите се од исклучително значење, со цел кризата да се преброди што побрзо и со што е можно помали последици, се вели во соопштението од компанијата.

Токму затоа, велат оттаму, „Digital Finance International“ – Скопје, чии брендови се „Forza“ и „Kreddy“, како општествено одговорна компанија, одлучи преку серија на иницијативи и активности да помогне за полесно справувањето со пандемијата во овие исклучително тешки времиња.

Во знак на благодарност кон медицинските работници кои ги ризикуваат своите животи во борбата со Ковид-19, а воедно и сите оние кои се во првите борбени редови против пандемијата, компанијата донирала медицинска опрема како директна помош за Министерството за здравство. Донацијата се состоела од респираторни маски за вкупно 750 здравствени работници, а сумата била обезбедена преку создавање на посебен фонд од страна на компанијата, во кој во текот на минатиот месец редовно се собирале средства од секоја отплата направена од страна на клиентите на „Forza“ и „Kreddy“.

– Покрај оваа донација како директна помош, во знак на солидарност со ранливите категории граѓани кои се соочуваат со последиците од економската криза како резултат на пандемијата, компанијата соопшти уште една олеснителна мерка со која и индиректно помага на општеството, а тоа е отпишување на пеналите за ненавремено подмирување на долговите за повеќе од две илјади клиенти на „Forza“ и „Kreddy“ кои во потполност го имаат исплатено преостанатиот долг, а се од загрозена категорија или пак имаат потреба за тоа, се наведува во соопштението.

Со оваа донација за Министерството за здравство, како што вели Елизабета Сиљановска, генерален директор на „Digital Finance International“ – Скопје, сакаат пред сѐ да изразат неизмерна благодарност до сите здравствени работници, но и сите други кои го ставаат своето здравје во ризик со цел да се одржи нормалното функционирање на општеството.

– Искрено се надевам дека со оваа помош барем малку ќе можеме да придонесеме за полесно справувањето со здравствената криза од која сме погодени сите. Истовремено, имајќи предвид дека оваа криза зазема сѐ поголем замав и од економски аспект, верувам дека со отпишувањето на пеналите на нашите клиенти, дополнително го олеснуваме нивниот вкупен долг и излегуваме во пресрет на некои од најпогодените од кризата. Сакаме да им порачаме на сите дека Forza и Kreddy се на Ваша страна, и оваа криза заедно ќе ја пребродиме, излегувајќи од неа посилни и поподготвени за новите предизвици кои ни претстојат, изјави Сиљановска.

Дополнително, со цел да им помогне на граѓаните за полесна отплата на кредитот во овој кризен период, „Форца“ воведе и уште еден новитет, односно својата нова програма „Препорачај го Форца кредитот“. Програмата, се вели во соопштението, функционира на тој начин што клиентите имаат можност „Форца кредитот“ да го препорачаат на свој пријател, со што и двајцата добиваат по илјада денари на својата сметка кои може да се искористат за следната отплата на кредитот.

– На овој начин, „Форца“ на своите членови и корисниците на „loyalty“ програмата, им нуди уште една можност за полесна отплата на долговите за кредит, услуга која е од особено значење за полесно справување со кризата, се вели во соопштението. мс/сп/

Back to top button
Close
Close