0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Фонсека по ремито со Интер: Го контролиравме натпреварот

Поголемиот дел од шансите на Интер, според него, биле поради грешки на „волците“.

Милано, 7 декември 2019 (МИА) – Тренерот на Рома, Пауло Фонсека ја пофали посветеноста на играчите на натпреварот со Интер на „Меаца“, кој заврши 0-0. Голманот на „џаларосите“, Антонио Миранте, направи клучни одбрани по удари на Ромелу Лукаку и Матијас Весино, а Фонсека призна дека на неговиот тим му треба поголема острина во нападот.

– Грешевме во последната третина, но сепак направивме добар натпревар. Сакавме да ја задржиме топката и на моменти целосно го контролиравме натпреварот. Имаме подобрување во сите фази на играта, но сепак мора да работиме на тоа да бидеме попрецизни кога напаѓаме, сподели Фонсека.

Поголемиот дел од шансите на Интер, според него, биле поради грешки на „волците“.

– Но ние имавме храброст да ја извадиме топката со подавања и да не ја шутираме напред. Наскоро овој пристап ќе се исплати. Џанлука Манчини и Крис Смолинг беа многу сигурни, но во целина екипата се бранеше добро. Миранте е одличен голман и уште еднаш го докажа тоа, додаде Португалецот.

Таг
Back to top button
Close
Close