ЕвропаЕвропа.Портал

Фон дер Лајен ќе поттикне договор за план за закрепување од Ковид-19

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска закажа за следната недела мини-самит, со цел да поттикне договор за план за закрепнување на ЕУ од последиците на пандемијата на новиот коронавирус.

Брисел, 2 јули 2020 (МИА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска закажа за следната недела мини-самит, со цел да поттикне договор за план за закрепнување на ЕУ од последиците на пандемијата на новиот коронавирус.

На самитот на 8 јули Фон дер Лајен ги покани претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, германската канцеларка Ангела Меркел, чија земја моментно претседава со ЕУ, и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, соопшти ЕК.

– Наша заедничка одговорност е без одложување да го завршиме тој пакет за закрепнување и да им покажеме на сите Европејци дека Унијата е подготвена да работи во корист на сите, истакна претседателката на ЕК.

Таа додаде дека постигнување брз и амбициозен договор за план за закрепнување во следните недели ќе биде прв приоритет на Унијата.

Лидерите на ЕУ на 17 и 18 јули првпат од избивањето на пандемијата ќе се сретнат лично за да го разгледаат пакетот за закрепнување на Унијата, вклучувајќи долгорочен буџет од 1,1 илјади милијарди евра и времен инструмент од 750 милиони евра за борба против Ковид-19.

Целта на мини-самитот е претходно да се дојде до единство и да се овозможи лидерите на 27-те членки да постигнат договор. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close