0_Спорт.ПорталФудбал

Флик: Сезоната во Бундеслигата може да заврши само со „мечеви со духови“

Размислувам позитивно и верувам дека сезоната ќе продолжи. Мислам дека на сите им е јасно дека „натпревари со духови“, односно пред празни трибини е единствен начин за завршување на шампионатот, рече тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик (55) за германската новинска агенција ДПА.

Минхен, 29 март 2020 (МИА) – Размислувам позитивно и верувам дека сезоната ќе продолжи. Мислам дека на сите им е јасно дека „натпревари со духови“, односно пред празни трибини е единствен начин за завршување на шампионатот, рече тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик (55) за германската новинска агенција ДПА.

Баварците, како и милиони луѓе ширум светот, се однесуваат во согласност со новонастанатата ситуација со коронавирусот и пандемијата на болеста што го „тресе“ светот.

Водечката екипа во Бундеслигата тренира преку видео-конференциска врска, а играчите секојдневно работат во домашни услови или во паркови.

Некои бундеслигашки екипи, како Аугсбург и Волфсбург, се вратија на конвенционален тренажен процес, но не и Баерн М. кој нема да го стори тоа до 5 април, што е совет и на германската лига (ДФЛ). сѓд/

Таг
Back to top button
Close
Close